Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот на Бутел го посети Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје

Градоначалникот на Бутел го посети Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје
Dik 300x250 mk

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Градоначалникот на Опшина Бутел Велимир Смилевски денеска присуствуваше на групна роденденска забава со лицата од Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје.

Оваа установа, како што соопшти Општина Бутел, обезбедува дневно и интернатско згрижување, воспитание, образование, работно оспособување и работна окупација, спортско – рекреативен и културно забавен живот и здравствена заштита на лица со умерено и тешки пречки во интелектуалниот развој.

– Градоначалникот Велимир Смилевски  има постојани средби со вработените и штитениците од Заводот за рехабилитација. Општина Бутел во континуитет ги вклучува овие лица во сите општински и училишни активности –  предновогодишниот базар и новогодишниот хепенинг со што лицата од Заводот се претставија со свои рачни изработки, стои во соопштението од Општина Бутел. мд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!