Гевгелија,18 мај 2020(МИА) – Покрај скринингот со корона тестови на вработните, кој ќе заврши заклучно со среда, 20 мај, во шесте објекти на ЈОУ „Детска радост“,од Гевгелија течат подготовките за враќање и згрижување на децата од моментот кога за тоа ќе одлучат надлежните државни органи, велат од главната детска градинка.
Тие посочија дека според направената анкета,најмалку половина од родителите се изјасниле дека имаат потреба за згрижување на дечињата откако ќе се укине мерката за отсуство од работа на еден од нив што значи дека постои голема одговорност за нас да се подготвиме и да се вратиме на работните места, велат надлежните.
-Периодот додека децата се се уште дома,го користиме за максимално подигање на нивото на хигиената.Во шесте објекти на градинката,од кои три се во Гевгелија и по еден во Богородица,Негорци и Миравци, извршена е дезинфекција на душеците од детските кревети заради отстранување на вируси, бактерии и микроорганизми, вели директорката Бети Стоименова.
Покрај дезинфекцијата,на целиот простор на објектите и на целата корисна површина од околу 26.000 метри квадратни,направена е целосна дезинсекција и дератизација заради заштита од коронавирусот затоа што веќе два месеца просторот не се употребува. им/ир