Утрински Весник
Македонија

Градежни работи на патот од Струга за Ќафасан

Градежни работи на патот Галичник – Маврово

На магистралниот пат А2, патен правец Струга – граничен премин Ќафасан (поточно од бензиската пумпа на Окта до село Франгово), ЈП Македонијапат во наредните 4 дена ќе изведува работи на пат (асфалтирање). На местото ќе биде поставена соодветна сигнализација, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва тешко повреден мотоциклист во сообраќајка на Пластичарска во Скопје

Сепак имало проблем во МНАВ со фрекфенциите?! Проблемот сами го пријавиле во системот

Македонец осуден за подготовка на џихадистички напад во Виена