Утрински Весник
Македонија

Градежни зафати во Долно Јаболчиште

Градежни зафати во Долно Јаболчиште

Велес, 20 март 2020(МИА) -Општина Чашка  изведува градежните зафати во селото Долно Јаболчиште.

Се гради потпорен ѕид во должина од 45 метри покрај речното корито на реката Тополка и се работи на подигнување и уредување на нова јавна површина, нeјзино партерно уредување и реконструкција на улицата кон излезот на селото во должина од 200 метри

Како што информира градоначалникот на Чашка Горан Стојановски, за оваа намена од општинскиот буџет се  обезбедени се 500 илјади  денари. Градежните активности ги извршува ЈПКД „Тополка“ и месното население.

-Центарот на село  Долно Јаболчиште со овие градежни зафати  добива нов поубав лик, а воедно се овозможуваат и подообри услови за живот на месното население, потенцира Стојановски. ад/мд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Одрон и на патот Скопје – Велес: Сообраќајот кај првиот тунел се одвива по една лента

СДСМ: Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристовска, независната кандидатка за јавен обвинител