Утрински Весник
Економија

Градежните фирми лани потрошиле материјали и енергија од 9,6 милијари денари

Ќе се разменуваат искуства за имплементација на стандардите за безбедност и здравје при работа и европскиот модел на соработка

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) –  Фирмите што се занимаваат со градежна дејност во 2019 година потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.626.157.000 денари, што е за пет проценти повеќе во однос на претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата „материјали за врзување“ со 3.628.819.000 денари (37,7  проценти), по што следат групите „потрошено гориво“ со 1.225.327.000 денари (12,7  проценти), како и „изолациски материјали и премази“ со 1.167.994.000 денари (12,1  процент).лв/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доделени наградите за најуспешни жени менаџерки за 2024 година

Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот  

Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на НБ клучни за одржувањето на макроекономската стабилност