Утрински Весник
Спорт

Гоце Георгиевски: Мојата желба и љубов кон спортот, како и упорноста, пресудија да се запишам и да студирам на Американскиот универзитет на Европа – ФОН

Образованието е дел од градењето на карактерот на секој професионален спортист

Да си професионален спортист и истовремено да го надградуваш своето образование е значително напорен предизвик и сериозен потфат. Патот кон достигнување на успешна кариера и градење на личниот карактер со проширувањето на своето знаење воопшто не е лесен. За секојдневните тренинзи, патувања и натпревари, како и за завршување на високо образование за време на професионалната кариера, освен совршено балансирање со времето како фактор, дефинитивно се потребни два клучни аспекти: голема желба и концентрација. Таков спортист со исклучителен ментален склоп и одлучност е ракометното репрезентативно крило, Гоце Георгиевски кој за време на својата професионална кариера во спортот запиша додипломски студии на Американскиот универзитет на Европа – ФОН.

Кои студии ги имате одбрано и која е вашата цел со завршувањето на студиите?

Образованието и дополнителното стручно усовршување е дел од градењето на карактерот на секој професионален спортист. Затоа јас ја одбрав студиската програма спорт и спортски менаџмент, на модулот спорт и физичко образование. Мојата цел по завршувањето на студиите e да го пренесувам своето знаење за спортот на помладите генерации и да се надоградам во областа на спортскиот менаџмент, во смисла на правилно менаџирање во спортот.

Сите знаеме дека животот како професионален спортист е напорен. Зафатен сте со подготовки, тренинзи, натпревари, патувања. Како успевате да најдете време и за
надградување на вашето образование?

Да, навистина моите професионални обврски не ми дозволуваат многу слободно време. Но, јас тоа го знаев и пред запишувањето на студиите. Морам да нагласам дека мојата голема желба и љубов кон спортот, како и упорноста на крајот пресудија да се запишам и да студирам на Американскиот универзитет на Европа – ФОН. Навистина сум среќен што досега одлично ги координирам своите обврски со спортот и студирањето. Секако, треба да напоменам дека имам огромна поддршка и од професорскиот кадар на Факултетот за спорт и спортски менаџмент, кои што знаејќи ги моите професионални обврски секогаш се флексибилни и ми излегуваат во пресрет.

Зошто го одбравте АУЕ – ФОН и кои се неговите предности во однос на останатите
македонски универзитети?

АУЕ – ФОН е најдобриот универзитет во Македонија. Се разликува од останатите универзитети по стручноста на професорскиот кадар и квалитетот на студиските програми. Но, она што мене особено ми се допаѓа е пристапот на споделување на навремени и точни информации за студентите, со што го прави полесен патот и начинот за студирање.

Наскоро започнува процесот на запишување на средношколците на факултет. Што би им препорачале на матурантите, зошто да се запишат на АУЕ – ФОН универзитетот?
Сите оние кои што се наоѓаат на животна раскрсница и не знаат каде да студираат, им препорачувам дефинитивно да не размислуваат и да го одберат Американскиот универзитет на Европа – ФОН. За мене АЕУ – ФОН е избор број 1 затоа што универзитетот ги нуди најсовремените услови за студирање во нашата земја и посветува доволно внимание и време на студентите, сè со цел за нивно стручно надоградување и развивање, во што и јас самиот се уверив.

ПР

> Гоце Георгиевски: Мојата желба и љубов кон спортот, како и упорноста, пресудија да се запишам и да студирам на Американскиот универзитет на Европа – ФОН <

Можете да прочитате

Верстапен победи на трката за Големата награда на Лас Вегас

Поранешниот претседател на Јапонската фудбалска федерација, Ташима, поднесе кандидатура за претседателските избори на ФИФА

Почина Владимир Секуловски, поранешен македонски репрезентативец