Утрински Весник
Спорт

Гоф ја доби американската пресметка и закажа полуфинале со Тревизан

Американката Коко Гоф со 7:5/6:2 ја совлада својата американска сонародничка и поранешна гренд слем шампионка Слоун Стивенс за да се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос, каде што ќе се судри со италијанското изненадување, Марта Тревизан.

28-годишната Тревизан влезе во своето прво гренд слем полуфинале, откако со 6:2/6:7(3)/6:3 ја совлада младата Канаѓанка Лејла Фернандез во прво четврт-финале на две левораки тенисерки о 2014 година. Тревизан пред стартот на Ролан Гарос ја освои својата прва ВТА титула во Рабат, Мароко.

„Бев многу нервозна и си помислив дека полуфиналето е премногу за мене. Но, потоа се смирив и бев инспирирана од поранешните италијански шампионки Франческа Скијавоне и Флавија Пенета, со кои се сретнав вчера и им кажав колку ми значи тоа“, изјави Тревизан.

За место во второто полуфинале утре ќе се борат светската тенисерка број 1, Полјачката Ига Швјонтек и Американката Џесика Пегјула во првото четврт-финаеле и во руската пресметка Вероника Кудерметова и Дарја Касаткина.

> Гоф ја доби американската пресметка и закажа полуфинале со Тревизан <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0