Утрински Весник
Магазин

Гостин на кралицата Елизабета случајно ги изел бисквитите на нејзините кучиња

Гостин на кралицата Елизабета случајно ги изел бисквитите на нејзините кучиња
Dik 300x250 mk

Поранешен британски министер седел до кралицата Елизабета Втора за време на ручек во замокот Виндзор во 2008 година, и по грешка ги изел бисквитите на нејзините кучиња, открива нова книга на кралскиот биограф Роберт Хардман.

95-годишната монархиња одржала состанок со тогашниот министер за здравство Алан Џонсон и велшкиот министер Пол Марфи и ги поканила политичарите да ручаат со неа.

Нејзините гости уживале во пријатниот разговор и во оброкот, но дури потоа Алан сфати дека јадел од „десертите“ поставени за саканите корги на кралицата.

Биографот Хардман во својата нова книга „Кралица на нашето време“ пишува: „Двајцата министри заминаа расположени. Чекавме да ги донесат автомобилите и Пол рече: какво прекрасно јадење. Алан дополни: и мене ми се допадна, уживав цело време.“

„Додека разговараа за храната, Џонсон спомна дека особено уживал во сирењето и необичните темни бисквити. Пол тогаш извика: не, темните бисквити беа за коргите!“.

„Во тој момент Алан Џонсон сфати дека јадел грицки за кучиња. „Мислам дека претходно не сум јадел сирење со бисквит Bonio.“

 

Можете да прочитате

Најразгалените деца се раѓаат само во овие хороскопски знаци

Мармалад од тиква и јаболка

Денеска се празнува Светиот маченик Нестор