Утрински Весник
Македонија

Гостиварското обвинителство поведе постапка за четири лица

Гостиварското обвинителство поведе постапка за четири лица

Скопје, 23 април 2020 (МИА)  – Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози за четири лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, на начин што иако согласно оваа одлука се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија за време на викендот, тие се движеле пеш или со возила низ градот, соопштија од ОЈО.

За стореното кривично дело, за секој од обвинетите, Обвинителствотото побарало од судот да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби.​​см/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње