Утрински Весник
Македонија

Гостиварски полицаец извршил напад, па лажно пријавил дека бил нападнат

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 41-годишниот Р.Р., полицаец од нејзините редови, поради сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „лажно пријавување на кривично дело“.

Како што информираат од МВР, на 15 месецов во полициската станица Гостивар, Р.Р. лажно пријавил дека врз него било извршено насилство од страна на 34-годишник од селото Беловиште, иако всушност било спротивно, односно полицаецот го нападнал 34-годишникот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид – Кичево, силна динамика на терен

Борозан: Наместо срамна здравица пред камери, објавете го извештајот за водата во Гостивар

СВР Битола лиши од слобода две лица поради предизвикување пожари