Утрински Весник
Македонија

Гостиварскиот совет одржа онлајн седница

Гостиварскиот совет одржа онлајн седница

Гостивар, 20 мај 2020 (МИА) – Членовите на Советот на општина Гостивар денеска одржаа седница преку интернет врска и со помош на новите технологии. На дневен ред имаа точки за носење одлуки кои се однесуваа на урбанизамот и јавните финасии. Заседавањето на ваков начин е дел од препораките за заштита од коронавирусот.

Дваесет и четвртата седница на Советот наместо во салата, присуството го најавија од повеќе локации и комуницираа преку апликацијата „зум“ и за прв пат се одвива на ваков начин. Седницата беше закажана по речиси дво месечна пауза, а беше свикана за да се донесат некои одлуки важни за функционирање на локалната самоуправа.

Советниците го усвоија кварталниот извештај за извршување на буџетот за првите три месеци од годината. На седницата беше кажано дека буџетот во првите три месеци има реазлизација над 20 проценти, што општинската власт го оцени како добро, а ефектите од пандемијата ќе се покажат во наредните месеци.

Од наплата на даноци во првиот квартал во буџетот се влеале 11,5 милиони денари, главно од даночни решенија за минатата година.

Советниците преку онлајн гласање дадоа зелено светло за грант преку Проектот за подобрување на општинските услуги со кој е предвидено да се купи трактор со приклучна опрема кој би се користел за јавната хигиена.

Советот усвои и одлуки за легализација на бесправно изградени објекти и нивно вклопување во урбанистичко-планска документација. Седницата на „зум“ се одржа по двомесечна пауза од заседавање, поради состојбите со коронавирусот. згм/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег