Утрински Весник
Македонија

Гостиварскиот пазар ќе се отвори во вторник

Гостиварскиот пазар ќе се отвори во вторник

Гостивар, 23 април 2020 (МИА) – Големиот пазар во Гостивар од вторник ги отвара вратите за продавачите и купувачите. Отварање на пазарот го најави градоначалникот на Општина Гостивар на последниот состанок на кризниот штаб што се одржа денеска.

Пазарањето треба да се одвива според одредени правила кои би биле во насока на заштита како на купувачатите така и за продавачите.

– Разговаравме со сопствениците на претпријатието кое управува со пазарот за да од наредниот вторник почне да функционира. Меѓутоа, ќе треба да обезбедат и услови кои се препорачуваат како заштитни мерки. Тезгите и продажните места да бидат на поголема одделеченост, а продавачите и купувачите да носат заштита на лицата, како маска или марамче. Притоа, како многу важно ќе биде да се води сметка за бројот на луѓе кои ќе влегуваат во пазарот и тоа треба да се регулира за да нема гужви, изјави Арбен Таравари градоначалник на Општина Гостивар

Потврда дека се прават подоготовки за повторно отварање има од сопствениците на компанијата која управа со гостиварскиот пазар, од каде за МИА рекоа дека ублажувањето на рестриктивните мерки го овозможува тоа.

Последниот пазарен ден беше кон крајот на март кога беше многу посетен, по следуваа реакции во јавноста. Кризниот штаб побара како една од превентивните мерки против ширењето на вирусот корона, сопствениците да го затворат.

Гостиварскиот пазар е од отворен тип и еден од најголемите во земјава.згм/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме