Утрински Весник
Македонија

Гостиварскиот пазар денеска работи, за натаму ќе се чекаат мерките на Владата

Гостиварскиот пазар денеска работи, за натаму ќе се чекаат мерките на Владата

Гостивар, 17 март 2020 (МИА) – Днешниот пазарен ден во Гостивар, жителите го искористија за да се снабдат со прехранени артикли од големиот градски пазар. Раздвиженоста е намалена во споредба со вообичените пазарни денови, бидејќи како што кажаа повеќемина, на тоа влијаат препораките за заштитата од ширење на коронавирусот.

Дел од трговците напоменаа дека цените на некои артикли веќе се покачени за 10 до 20 проценти, особено на јужното овошје, бидејќи тоа доаѓало од увоз, а влије и затворањето на границите за достава на стока.

Од Државниот пазарен инспекторат нагласија дека отворените пазари не се опфатени со мерките, но дека денеска на владина седница ќе се разговара и за ова прашање. Од Инспекторатот нагласија дека во опција се затварање или работа под околности на поголема раздалеченост на тезгите и апелираа на спроведување на засилени мерки за лична хигиена.

Поголемиот дел од купувачите на гостиварскиот пазар беа со заштитни маски и ракавци исто како и трговците, и велат, делумно се загрижени за состојбата. згм/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер