Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Гостиварец ја силувал неговата 12-годишна полусестра

Гостиварец ја силувал неговата 12-годишна полусестра
300x250 opst2

По спроведена истражна постапка, гостиварското Обвинителство поднесе обвинение против 18-годишен жител на селото Сенокос, општина Врапчиште, кој се товари за родосквернавење.

На 15 јули обвинетиот со употреба на сила извршил обљуба врз неговата полусестра, родена 2009 година.

„Иако оштетената за цело време викала и плачела, тој ја одвлекол и извршил обљуба со употреба на физичка сила. Потоа ѝ се заканил на оштетената дека доколку каже на родителите, повторно ќе ѝ го направи истото“, информираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​​

Можете да прочитате

Боки 13 осуден на пет години затвор за „Меѓународен сојуз“ – шоуменот не дојде да ја слушне пресудата

18 и 15 годишници се тепале пред родителите – Поднесени се пријави

СП: Разрешениот директор на неврологија нема активна лиценца, па не може да му биде одземена