Утрински Весник
Македонија

Гостиварец обвинет за телесна повреда при вршење семејно насилство

На 2 мај, по претходна вербална расправија преку мобилен телефон, 44-годишен гостиварец во близина на гостиварската болница со автомобилот пресретнал жена со која бил во врска. Жената се движела пеш и одбила да влезе во неговото возило, по што тој физички ја нападнал, ја влечел за коса и ја удирал со рацете по главата и лицето. Од ударите оштетената паднала на земја, па обвинетиот продолжил да ја удира со нога во пределот на стомакот и ребрата, нанесувајќи ѝ повеќе телесни повреди.​​

dobivaj vesti na viber

Поради ова основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе oбвинителен предлог против 44-годишен жител на гостиварско Долна Бањица кој при вршење семејно насилство сторил кривично дело телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Крвава пресметка во Шуто Оризари: Двајца тешко повредени, 11 лица приведени

Муцунски: Дигиталната трансформација, иновациите и ИКТ секторот треба да станат посилен дел од економската агенда со Грција

Приведени двајца дрвокрадци во липковско, пронајдено огревно дрво без документација