Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Гостиварец извадил дрво од багажникот, претепал возач и му се заканил дека ќе го убие

Гостиварец извадил дрво од багажникот, претепал возач и му се заканил дека ќе го убие
Dik 300x250 mk

Против 32-годишен жител на селото Дуф е поднесено обвинение поради кривично дело – насилство.

Како што информираат од гостиварското Основно јавно обвинителство, на 23 февруари во Вруток, обвинетиот извршил грубо насилство и телесно повредил едно лице, додека кај останатите присутни граѓани предизвикал чувство на несигурност и страв.

Оштетениот со својот автомобил се движел на регионалниот пат кај селото Вруток и во еден момент со рака му дал на обвинетиот право на првенство на минување.

Но, обвинетиот продолжил да го следи со своето возило, а на излезот од селото му го попречил патот, излегол од автомобилот, извадил дрво од багажникот и со него физички го нападнал оштетениот.

Притоа му нанел телесни повреди и му се заканил дека ќе го убие.​​

Можете да прочитате

(Видео) Хакери ја бутнаа веб-страницата на скопската Автобуска станица и се закануваат кон македонските власти

Уставните промени се последниот чекор кон ЕУ, порача Фон дер Лајен

Кузмановски: Со реални и остварливи проекти до поубава и напредна Битола