Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Гори во делчевско, пожарот во Пехчево се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик

Гори во делчевско, пожарот во Пехчево се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик
Img 7972

Според Центарот за управување со кризи за состојбата со пожарите до 14:00 часот најновите информации укажуваат дека уште се активни пожарите во Делчево, Пехчево, Свети Николе, Штип, Прилеп, Куманово, Валандово и Радовиш.

Пожарот кој започна на ден 02.08.2021 година во атарот на с.Нов Истевник, маало Пасјак сеуште е активен и е во дијаметар од 15 км. До овој момент опожарена се околу 1.000 ха борова шума и нискостеблести растенија. Моментално покритично е на м.в.Света вода помеѓу селата Тработивиште и Разловци.
Интервенираат 60 припадника на АРСМ, 25 вработени во ШС „Голак“ Делчево со 4 теренски возила, ТППЕ Делчево со 12 пожарникари и 2 ПП возила цистерни и едно теренско возило лада нива; 5 припадници на Гранична полиција со 4 теренски возила, 2 припадника на ПС Делчево со 1 теренско возило, ЈПКД Брегалница со 5 вработени, 2 ровокопачи и едно теренско возило со 1 тон вода и 1 џип, РЦУК Делчево со 2 вработени, ТППЕ Македонска Каменица со 4 пожарникари со едно теренско возило, МВР Тигри со 24 вработени, МВР ЕБР со 22 вработени, ТППЕ од Р.Бугарија со 6 пожарникари и 1 ПП возило и Волонтери од Црвени Крст Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните сили.

ЦУК укажува дека на територијата на општина Пехчево, пожарот кај м.в.Бајаз Тепе сеуште е активен и се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик. Пожарот околу с.Црник е ставен под контрола, каде на терен е месното население заради контрола околу селото. Во моментот пожарот е и над с.Мачево и таму има екипи распоредени. Интервенираат: ШС „Равна Река“ Пехчево со 30 работници и 6 теренски возила; ШС Малешево Берово со 15 работници и 4 теренски возила; АРСМ со 100 војника; ТППЕ Берово со 7 пожарникари и 1 теренско возило и 2 цистерни; ТППЕ Скопје, Штип и Струмица со по 1 ПП возило и 2 пожарникари; Р.Бугарија со 3 ПП возила и 25 пожарникари; ДЗС со 4 вработени и 1 теренско возило; РЦУК Берово со 2 вработени; ЕВН со 6 теренски возила за превоз; Месно население – 60 луѓе; Р.Словенија со 17 возила и 45 луѓе; Австрија со 60 пожарникари и 20 возила.

Во Струмичкиот регион пожарот кај м.в.Погана, сеуште е активен, особено во делот напосредно пред ветерниците кај Богданци. Досега опожарени се околу 1.350 ха. Интервенираат ТППЕ Валандово со 2 ПП возила и 7 пожарникари; ШС Саланџак Валандово со 14 вработени; АРСМ со 30 припадници; ДЗС Валандово со 7 лица; ЕВН Битола со 7 вработени 1 цистерна за вода и 1 теренско возило; ШС Кожуф Гевгелија со 33 вработени со 3 возила; ЈПКД Комунална чистота Богданци; 10 жители со 1 трактор и 2 мотора од н.м.Казандол.
Пожар кај с.Погулево, со кој е зафатеана сува трева и нискостеблеста шума, а во близина има и фарми. Интервенираат ТППЕ Радовиш со 10 пожарникари со 2 ПП возила, ШС „Плачковица“ – Радовиш со екипи и екипа од „Боров Дол“.

Во скопскиот регион пожарот кај селата Раовиќ и Буковиќ, општина Сарај, таму интервенира БППЗ со една екипа. ШС Караџица известиле дека во 14:30 часот ќе испратат една екипа со 4 пожарникари и цистерна, додека од НП Јасен имаат луѓе на терен и контролираат пожарот да не се префрли во Националниот Парк. Има и претставници од ЕЛС Сарај.

Во општина Прилеп, пожарот во атарот на с.Ракле – с.Никодин – с.Топлица е активен со јак интензитет и е на непристапен терен. Исто така и пожарот на потегот Дрен – Смолани (опш.Прилеп) е активен и е со јак интензитет. Од страна на ЕЛС Прилеп побарана е и воздушна подршка.
На двата пожари интервенираа: ТППЕ Прилеп со 10 пожарникари со 2 теренски возила; АРСМ со 32 војници; ШС Црн Бор Прилеп со 7 вработени и 1 возило; ЈП Водовод и Канализција – Прилеп со 10 вработени и ЈКП Комуналец – Прилеп со 8 лица.

Пожарот во с.Бељаковце е активен и се шири спрема с.Довезенце. Интевенираат АРСМ со 80 војници, ТППЕ Куманово со 12 пожарникари и 2 ПП возила, како и лица од ШС Куманово.

Во општина Гостивар, активен е пожарот кај Пожаране и на истиот интервенираат ШС „Шар“ – Гостивар.
ТППЕ Гостивар известува дека имале уште три интервенции кои се завршени и тоа:
– Во с.Печково каде гореле сува трева и грмушки, а интервенирале 5 пожарникари со 1 ПП возило и теренско возило;
– Во с.Бањице кај Касарната каде гаснеле сува трева со 4 пожарникари и 2 ПП возила;
– На автопатот Гостивар – Тетово гаснеле сува трева во нива, а интервенирале 3 пожарникари со 1 ПП возило.
ТППЕ Тетово извествува дека со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено ѓубре во нива во с.Жеровјане и пожарот е изгаснат.
РЦУК Тетово, известува дека во сите општини кои ги покрива РЦУК Тетово имаат свикано кризни штабови, и во сите кризни штабови учествуваат вработени од РЦУК Тетово. Исто така во ПО РЦУК Тетово е активен регионалниот штаб.

Пожарот на Богословски рид (опш.Свети Николе) сеуште е активен а опожарени се бор, нискостеблеста дабова шума и смрека на површина поголема од 200 ха. Од утрово интервенираат ТППЕ Свети Николе со 11 пожарникари и 3 ПП возила, ДППД Свети Николе со 6 пожарникари и 2 ПП возила, ЈКП со 15 вработени, како и поголем број на вработени од ШС Свети Николе.
Овој пожар е префрлен и на територијата на општина Штип, и тоа кракот кон с.Добришани под дејство на ветрот го има сменето правецот и се движи кон р.Брегалница и притоа не загрозува објекти и населени места. Екипа на ТППЕ Штип работи на негово локализирање. Кракот кој гори во близина на магацините на АРСМ во с.Криви Дол е под контрола на 30 војници и се работи на негово локализирање. Интервенираат ТППЕ Штип со 10 пожарникари и теренско возило; ЈП Стипион Штип со теренско возило, РЦУК Штип со 1 вработен со теренско возило и АРСМ со 30 војници и 1 цистерна.

Во општина Велес, пожарот во близина на населбата Дорутовец е изгаснат во целост во 07:00 часот. На терен се наоѓа една дежурна екипа од ТППЕ Велес за спречување на евентуално обновување на пожарот.

Во општина Кавадарци пожарот кај м.в.Свети Петре, помеѓу селата Мрежичко и Рожден е локализиран во 20:00 часот на ден 05.08.2021 година. Од утринските часови на терен се ШС „Бор“ Кавадарци со 8 вработени и 2 возила кои вршат обиколка и по потреба интервенираат на места каде има чадење во опожарената површина.
Пожарот во близина на с.Возарци (опш.Кавадарци) е локализиран во 09:50 часот, а на истиот интервенирале ТППЕ Кавадарци со 7 пожарникари и 2 ПП возила и ЕУРОНИКЕЛ Кавадарци со 3 пожарникари, 1 ПП возилo и 1 теренско возило. Во внатрешноста на опожарената површина има на неколку места чадење и за дежурство оставена е екипа од ТППЕ Кавадарци со 3 пожарникари и 1 ПП возило.

Пожарот помеѓу селата Косел и Расино, кој започна во 20:15 часот на ден 05.08.201 година, е локализиран во 07:00 часот на ден 06.08.2012 година. Интервенирале ШС Охрид со 12 вработени со 1 ПП возило и ТППЕ Охрид со 3 пожарникари и 1 ПП возило, информира Центарот за управување со кризи.

Можете да прочитате

Виз Ер со нова авиолинија, од скопскиот аеродром до Штутгарт, открија од ТАВ Македонија

Познато кога почнува исплатата на покачените пензии за септември

УЈП ги проверува инспекторите кои ги предупредувале газдите на „Пулс“ за можни контроли во замена за подароци