Утрински Весник
Економија

Горивата од полноќ со повисоки цени

Горивата од полноќ со повисоки цени
Dik 300x250 mk

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,93 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 86, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 75,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за еден денар за литар и ќе чини 74,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 1,249 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 48,17 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа во просек за 2,711 отсто кај бензинот и за 1,997 отсто кај дизелот, како и за 0,496 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Можете да прочитате

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ

Македонија и Грција на Бизнис-форум во Скопје