Иако капитенот на македонската фудбалска репрезентација за 13 дена ќе полни 37 години, сепак се уште е еден од најдобрите во италијанската Серија А. Тој е човекот кој се уште ја држи во живот екипата на Џенова која сезонава грчевито се бори за опстанок во елитата.
Според порталот „Инфогол“, Пандев се најде во тимот на 32-то коло, кога неговата Џенова го победи СПАЛ со 2-0, а првиот гол беше дело токму на Македонецот. За него тоа беше деветти сезонски погодок.
Во ова рангирање, во нападот друштво на македонскиот голгетер друштво му прават Лаутаро Мартинез од Интер и Рикардо Орсолини од Болоња.
На останатите позиции, во тимот на колото се и Малиновски, Бонацоли, Шене, Гаљоло, Ферари, Јошида, Ди Лорензо и на голот Крагно од Калјари.