Утрински Весник
Култура

Горан Бреговиќ со спектакуларен концерт во „Де Факто“ Гевгелија

Големиот музичар, гитарист, продуцент, автор на филмска музика и основач на популарниот сараевски бенд „Бијело Дугме“, една од најпознатите југословенски поп/рок групи- Горан Бреговиќ, познат како Брега, доаѓа во Македонија.

Со мега спектакуларен концерт во „Де Факто“ во Гевгелија, на 25 јуни, најголемата балканска ѕвезда Бреговиќ, со својот оркестар од 12 музичари, пред околу 5000 гости, во стилот по кој е познат, секогаш забавен и неуморен, ќе го одбележи стартот на богатата летна музичка програма.

Оваа посебна ноќ ќе биде запаметена со пеење во еден глас на мегапопуларните хитови како „Мјесечина“, „Едерлези“, „Калашников“ и уште многу други со кои е запечатена неколку децениската кариера на Брега.

Текстот Горан Бреговиќ со спектакуларен концерт во „Де Факто“ Гевгелија е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“