Утрински Весник
Свет

Гондолиерите во Венеција се жалат дека туристите се здебелиле

Гондолиерите во Венеција се жалат дека туристите се здебелиле
Dik 300x250 mk

Венециските гондолиери морале да го намалат капацитетот на нивните пловни објекти поради предебелите туристи кои  веќе не можеле да влезат во гондолите во ист број како порано, пишува „Гардијан“.

Границата за гондолата „да ноло“, која нуди класична обиколка низ каналите, е намалена од шест на пет лица, додека за гондолата „да парада“, која главно плови низ Каналот Гранде, е намалена од 14 на 12 лица.

„Точно е дека во споредба со пред 10 или 15 години, туристите се потешки“, рече Андреа Балби, претседател на здружението на гондолиерите во Венеција за „Гардијан“.

„За разлика од лифтовите во зградите каде што е јасно напишан максималниот број на луѓе или килограми, ние не можеме да ги мериме туристите, па мора да го намалиме бројот на патници за да не започне водата да влегува во чамецот, додава тој.

„Туристите денес се премногу дебели. Особено од некои земји“, вели Раул Роверато од друго здружение на гондолиери, говорејќи за „Ла Република“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија