Утрински Весник
Спорт

Гомељски апелира да не се доигрува Евролигата

Гомељски апелира да не се доигрува Евролигата

Москва, 18 мај 2020 (МИА) – Членот на „Куѓата на славните“ на ФИБА, олимпискиот шампион Евгениј Гомељски смета дека тимовите нема да бидат рамноправни при евентуално рестартирање на Евролигата.

– Очигледно е дека ако сезоната на Евролига-2019/20 продолжи, тогаш тимовите нема да бидат рамноправни. Некои клубови веќе тренираат, а руските екипи ЦСКА или Химки во најдобар случај ќе можат да се соберат во целосен состав кон средината на јуни. Значи, нивото на обука ќе биде сосем различно и нема потреба да се зборува за каква било правда, изјави Гомељски.

Легендарниот поранешен руски селектор побара крај на сезоната.

– Ние веќе мора да се помириме со крајот на евролигашката сезона 2019/20 и да се фокусираме на подготовките за следната.

Во блиска иднина, раководството на елитното кошаркарско натпреварување ќе одлучи дали ќе ја продолжи сезоната. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино