Утрински Весник
Македонија

Голтнал марихуана пред приведување од полицајци, други двајца приведени поради кокаин

Голтнал марихуана пред приведување од полицајци, други двајца приведени поради кокаин
Dik 300x250 mk

Тетово, 10 јуни 2020 (МИА) -Тетовската полиција соопшти дека вчера во околу 20 часот и 20 минути на улица „107“ во Тетово, полицајци лишиле од слобода жител на Долно Седларце, затоа што при преглед му биле пронајдена ризла. Пред лишувањето од слобода, според полицијата, успеал да проголта ќесичка со марихуана.

Два часа подоцна приведени се уште две лица поради кокаин.

 -Во 22 часот и 40 минути, во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Т.(46) од Тетово и 38-годишната И.М. од Куманово, кај која бил пронајден хероин, додека во санитарниот јазол на објектот биле пронајдени остатоци од кокаин, соопшти денес СВР Тетово.

Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци. ас/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца