Утрински Весник
Свет

Голем пораст на бројот на заразени во Италија, речиси 100.000 нови случаи за еден ден

Голем пораст на бројот на заразени во Италија, речиси 100.000 нови случаи за еден ден

 

Во Италија денеска се потврдени 99.848 нови случаи на зараза со коронавирус, што е значително повеќе од вчерашниот биланс од 27.214 новозаразени, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Во последните 24 часа починале 205 пациенти со Ковид-19, што е за 78 смртни случаи повеќе од претходниот ден.

Изминатиот ден беа направени околу 610.600 тестови за Ковид, значително повеќе од 174.098 тестирани претходниот ден, се вели во извештајот на италијанското Министерство за здравство.

Од почетокот на пандемијата во Италија, регистрирани се вкупно 162.098 смртни случаи меѓу пациентите со Ковид, што ја рангира земјата на второто место по бројот на смртни случа во Европа, веднаш зад Обединетото Кралство и осмо во светот.

 

Можете да прочитате

Трамп: САД ќе им помогнат на Полска и балтичките држави во случај на руски напад

Макрон: Ослободувањето на заложниците на Хамас е услов за отворање француска амбасада во Палестина

Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк