Утрински Весник
Македонија

Голем пожар го парализира Тетово, училиштата нема да држат настава, повик до граѓаните да останат дома

Dik 300x250 mk

Утрово во Тетово изби голем пожар во објектите на поранешната фабрика „Македонија табак“.

Според тековните информации, во пожарот нема повредени, но имало неколку интервенции кај задушени луѓе поради чадот. Сведоци велат дека градот е под црн облак, сообраќајот е прекинат, а во мометот не може да се влезе во градот.

Поради пожарот, односно високото загадување на воздухот предизвикано од него, Секторот за образование на Општина Тетово одлучи сите ученици да не одат на настава два дена.

Воедно, СВР Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од непотребно излегување, поминување или задржување на местото на пожарот. Оние кои имаат итна потреба да излезат на отворено се советуваат да носат заштитни маски.

Информациите од терен се дека хеликоптер на МВР е веќе во Тетово, но постојат различни мислења по однос на тоа дали веднаш треба да се интервенира од воздух.

„Проблем е што гаснењето со вода на ваков пожар директно од воздух може да доведе до распламтување на пожарот бидејќи самата вода може да предизвика ширење на огнот. Побаравме по самата линија на пожарот да биде фрлена водата од воздух за пожарот да биде пресечен“, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој додаде дека во моментот огнот е под контрола.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!