Утрински Весник
Македонија

Голем дел од туристичката населба Абланица покриен со улично осветлување

Голем дел од туристичката населба Абланица покриен со улично осветлување

Берово, 22 април 2020 (МИА) – Уште еден дел од беровската туристичката населба Абланица, доби улично осветлување. Како што информираат од општината Берово, новоинсталираната линија е во должина од 300 метри во близина на црквата „Св.Недела“.

– Извршено е поставување на нова линија на потегот од црквата „Света Недела“ до мостот кај базенот, во должина од околу 300 метри. Со реализацијата на оваа активност голем дел од туристичката населба Абланица е покриен со мрежа за улично осветлување, наведуваат од општината.

Паралелно со проширувањето на мрежата на улично осветлување, како што додадоа, техничката екипа на општина Берово, врши и интервенции за отстранување на оштетените сијалични места и врши редовен сервис и промена на светилките.

– Нашите очекувања се со проширувањето на мрежата на јавно осветлување, значително да се подобри безбедноста на учесниците во сообраќајот, како и овозможување на пријатни и безбедни прошетки за пешаците, во вечерните часови, додадоа од Општина Берово.

Во периодот што следи, од општината најавија продолжување на активностите за проширување на мрежата на јавно осветлување. вс/оџ

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вицепремиерот Фетаи се оддели од Таравари: Нема да дозволиме да се врати ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ последниве 20 години ја делеше и ја уценуваше државата, а сега врескаат затоа што правдата чука на нивната врата

На денешен ден во 1961 година се случила премиерата на македонскиот филм „Мирно лето“