Утрински Весник
Македонија

Голем дел од авганистанските бегалци се очекува во Македонија да пристигнат до крајот на неделава

Голем дел од авганистанските бегалци се очекува во Македонија да пристигнат до крајот на неделава

До крајот на неделава зависно од околностите на аеродромот во Кабул, со организирани летови се очекува да пристигнат најголем дел од 450 граѓани од Авганистан, соопшти на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Муамет Хоџа.

Тој нагласи дека станува збор за демократско, мирољубиво население, вработени, жени и деца од семејства на оние кои работеле за хуманитарните и мировните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години биле поддршка за НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија.

„Северна Македонија беше меѓу првите, ако не и прва земја, која сама пристапи на САД и понуди помош за овие луѓе кои се под опасност по доаѓањето на талибанскиот режим во Авганистан“, нагласи владиниот портпарол додавајќи дека станува збор за голема светска хуманитарна акција.

Граѓаните од Авганистан кои ќе пристигнат во земјава се ослободени од трошоци за издавање визи, појаснија од Владата, а трошоците за нивното сместување во неколку хотели и мотели во земјава ќе бидат во целост покриени од меѓународните организации и од САД, сè до нивното заминување кон САД или до трети земји како нивна крајна дестинација.

 

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа