Утрински Весник
Спорт

Голема шанса за Црна Гора – Голманите на Холандија се позитивни на коронавирусот

Голема шанса за Црна Гора – Голманите на Холандија се позитивни на коронавирусот

Коронавирусот продолжува да прави хаос на Европското првенство во ракомет. Во пресрет на натпреварот со Црна Гора, Холандија остана без голмани.

Вчера, позитивен тест доби Денис Шелекенс, а претпладнево позитивен бил и тестот на Барт Равенсберген.

Голот на Холандија ќе го браби 41-годишниот Гери Ејерлс, кој пред две години ја заврши кариерата, а дополнителен повик од селекторот добил Рене де Нехт.

Во Групата 1 на ЕП, Холандија се уште е без бодови, Црна Гора има два и доколку сака да се пласира во полу-финалето ќе мора да ги добие преостанатите три натпревари, попладнево против Холандија, а потоа против Франција и Исланд.

> Голема шанса за Црна Гора – Голманите на Холандија се позитивни на коронавирусот <

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk