Утрински Весник
Македонија

Глоби од по 2.000 евра за двајца скопјани за непочитување на полициски час

Глоби од по 2.000 евра за двајца скопјани за непочитување на полициски час

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози од по две илјади евра против две лица, на возраст од 20 и 48 години, заради непочитување на полицискиот час.

„ Во одвоени настани на 29 и 30 март, тие биле затекнати како се движат на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа, прекршувајќи ја забраната за движење на населението определена како мерка за спречување на коронавирусот“ се вели во соопштението.

Надлежните јавни обвинители предложиле Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Можете да прочитате

Земјотрес почувствуван во Прилеп и регионот

СДСМ: Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта

Камерите го снимија моментот на кршењето на стаклото на Бугарската амбасада во Скопје