Утрински Весник
Магазин

Гледајќи „Гугл стрит“, случајно ја видел сопругата со љубовникот

Гледајќи „Гугл стрит“, случајно ја видел сопругата со љубовникот

Разгледуваjќи ги  улиците на Лима во Перу на „Гугл стрит“,  еден човек открил дека сопругата го изневерува. На клупата покрај патот видел жена која седи и еден човек кој лежи со главата во нејзиниот скут.

Иако нивните лица биле заматени, со што „Гугл мапс“ ја заштитува приватноста на луѓето во јавноста, тој ја препознал својата сопруга и сфатил дека таа има љубовник.

Тоа е сцена снимена во 2013 година, а измамениот човек подоцна изјавил дека ја препознал сопругата по облеката што често ја носела, а и нејзината фризура била впечатлива.

Сопругата, наводно, ја признала аферата и двојката подоцна се развела, пренесува „Мирор“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Три хороскопски знаци кај кои самодовербата лесно преминува во суета

Спиењето во целосна темница може да го намали ризикот од срцеви заболувања

Тие се најголемите хипохондрици во хороскопот и животот е тежок со нив