Утрински Весник
Свет

Главниот епидемиолог на САД ќе ангажира обезбедување – добил смртни закани

Главниот епидемиолог на САД ќе ангажира обезбедување – добил смртни закани

Водечкиот епидемиолог од САД, д-р Ентони Фаучи, рече дека добил смртни закани поради неговата работа во врска со пандемијата на коронавирус.

Станува збор за закани, изјави Фаучи, кои биле упатени до него, но и на неговото семејство и малтретирање на неговите ќерки, поради што, додаде тој, ќе мора да ангажира обезбедување.

„Неверојатно е, посакувам да не мораа да поминат низ тоа“, изјави за Си-ен-ен Фаучи, кој е член на работната група за коронавирус во Белата куќа.

Фаучи, кој беше во центарот на јавниот интерес за време на пандемијата, имаше бројни несогласувања во јавноста со американскиот претседател Доналд Трамп.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ИРГК: Иран изврши целен напад врз израелски владин кампус

Неколку илјади граѓани на ЕУ сè уште се во Иран, многумина не сакаат да заминат

Глобален авио-хаос: Стотици илјади патници блокирани по затворањето на небото над Блискиот Исток