Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Главната противничка на Лукашенко ја напушти земјата

Главната противничка на Лукашенко ја напушти земјата
300x250 opst2

Главната ривалка на белорускиот претседател Александар Лукашенко, на претседателските избори, Светлана Тихановскаја е во Литванија.

Министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичијус потврди дека таа е на безбедно.

Новите демонстрации против резултатите на претседателските избори во Белорусија, кои беа организирани и синоќа, полицијата насила ги растури, како и во неделата вечерта, со користење на солзавец и гумени куршуми.

Маса огорчени граѓани, извикуваа „Срамота“ и „Да живее Белорусија“.

Полицијата потврдила за ТАС С дека уапсила демонстранти и уверувала дека ситуацијата е под контрола, но според наводите на руските и белоруските медиуми, апсења има и во другите градови.

Ројтерс пренесува дека соработниците на Светлана Тихановскаја не успеале да стапат во телефонски контакт со неа откако ја напуштила зградата на изборната комисија и изјавила дека се смета за победник на претседателските избори.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот