Утрински Весник
Спорт

Гисин го одбрани златото во алпска комбинација

Гисин го одбрани златото во алпска комбинација

Мишел Гисин ја одбрани олимписката титула во алпска комбинација. Една од фавортките, Американката Микалеа Шифрин не успеа да заврши уште една трка во Пекинг.

Гисин од Пекинг ќе замине со злато во комбинација и бронза во супер-џи. Комбинацијата на спуст и слалом, Швајцарката ја заврши со време 2:25.67 минути. Одличното возење во слаломската трка и го донесе златниот медал.

Второто место го освои нејзината сонародничка, Венди Холендер, која забележа време 2:26.72 минути, а со бронзата се закити Италијанката Федерика Брињоне.

> Гисин го одбрани златото во алпска комбинација <

Можете да прочитате

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале