Утрински Весник
Свет

Германците загрижени поради коронавирусот: Поопасно е отколку што мислевме

Германците загрижени поради коронавирусот: Поопасно е отколку што мислевме

Премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Седер изјави дека коронавирусот од ден на ден станува се поопасен.

На прес-конференцијата по сесијата на провинциската влада во Нирнберг, Седер рече дека коронавирусот не оди на годишен одмор, и дека пандемијата е процес на мутирање, па време е мерките да се прилагодат на тоа.

„Коронавирусот е многу поопасен отколку што мислевме досега“, истакна Седер, додавајќи дека е важно да се подигне свеста за тоа во наредните недели.

Тој се осврна пред се на повратниците од одморот, велејќи дека се надева оти одлуката за задолжителното тестирање е донесена навреме.

Проширувањето на списокот на ризични земји мора да биде подинамично отколку што беше во минатото“, рече баварскиот премиер.

Што се однесува до училиштето, тој вели дека доколку има случај на инфекција, тие веднаш ќе бидат затворени.

„Одлучувачки период се првите две недели. Ќе имаме обврска да носиме маски до училниците“, истакна Седер.

Тој посочи дека во наредните недели ќе се одлучи дали маската ќе биде задолжителна и за време на часовите.

Тој се осврна и на фудбалските натпревари, велејќи дека е скептичен во врска со полните стадиони.

„Не можам да замислам вакво нешто во моментов“, рече Седер, критикувајќи го одобрувањето на концертот во Дизелдорф, на кој се планира да присуствуваат 13.000 луѓе.

„Вистинска опасност, сепак, е безгрижноста на приватните собири“, додаде Седер.

Тој рече дека сега е време земјата да се подготви за повратниците од одморите и училиштата што треба да започнат со часови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година