Утрински Весник
Свет

Германски научници докажаа дека проветрувањето е поефикасно од прочистувачите на воздухот

Германски научници докажаа дека проветрувањето е поефикасно од прочистувачите на воздухот

Кратко отворање на сите прозорци во училницата неколку пати на ден е многукратно поефикасно отколку да користите прочистувач на воздух, според истражувањето на германските научници.

Двајца професори на Технолошкиот универзитет Мителхесен (ТХМ) во Гисен го анализирале влијанието на прочистувачите и проветрувањето врз аеросолите, кои претходно биле распоредени низ училницата со помош на вентилатор.

„Основниот заклучок е дека отворањето на сите прозорци три минути на надворешна температура од седум до 11 Целзиусови степени ја намалува концентрацијата на аеросоли за дури 99,8 проценти“, се вели во соопштението на ТХМ.

Со употреба на четири преносни прочистувачи на воздухот, по 30 минути во просторијата е измерена 90 проценти помала концентрација на аеросоли. Научниците исто така укажуваат и на бучавата при користењето на такви уреди, како и на високите трошоци за набавка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зголемена активност на американските воздухопловни сили во Катар, повик Американците веднаш да го напуштат Иран

Медведев со порака до Трамп: Побрзајте или Гренлад може да посака да се припои кон Русија

Иран се подготвува да обеси демонстрант, што би било прво погубување поврзано со антирежимските демонстрации