Утрински Весник
Свет

Германски експерт: Европа ја чека дополнителен скок на инфлацијата и реален ценовен шок

Dik 300x250 mk

„Најлошото сценарио“ се остварува во Европа по одлуката за бојкот на нафтата од Русија, изјави Гунтрам Волф, раководител на истражувачкиот центар „Бригел“ во Брисел, одговарајќи на прашања на магазинот „Шпигел“.

Тој смета дека во блиска иднина обичните Европејци ќе ги почувствуваат последиците од овој чекор. Европската унија се соочува со зголемена инфлација и вистински „ценовен шок“, а тешко е да се предвиди кога ќе запрат цените на ресурсите.

– Владите може да се обидат да го ублажат ценовниот шок со попусти на бензините, даночни намалувања и субвенции, како што направија во последните месеци. Тоа може да го зголеми јавниот долг, предупреди Волф.

Економистот смета дека ембаргото за нафта може само да го загрози приходот на Русија на долг рок. Сепак, постои уште една гледна точка. Така, шефот на аналитичкиот центар Енерџи Коментар, Стивен Буколд, е убеден дека Москва лесно ќе најде нови пазари и попријателски купувачи, на пример, во Азија, пренесе Новости.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил