Утрински Весник
Свет

Германски град ја исклучи топлата вода

Хановер е првиот голем германски град кој ја исклучи топлата и премина кон ладната вода за миење раце и туширање во јавни згради.

dobivaj vesti na viber

Ова се случи набргу откако Русија драматично го намали снабдувањето со гас во земјата.

Во обид да заштеди енергија, градот Хановер во северна Германија одлучи дека топла вода повеќе нема да биде достапна за миење раце во јавни згради или под тушеви во базени, спортски сали и теретани, јавува Би-би-си.

Се наведува дека на Германците им било кажано да очекуваат сеопфатни мерки за заштеда на гасот и дополнителни трошоци за нивните сметки за енергија поради кризата со рускиот гас.

Се додава дека и јавните чешми за вода се исклучуваат за да се заштеди енергија, а нема да има ноќно осветлување на главните згради, како што се градското собрание и музеите.

Градоначалникот Белит Онај рече дека целта е да се намали потрошувачката на енергија во градот за 15 проценти, што се препорачува во цела ЕУ, како реакција на непосредниот недостиг на гас.

Нагласено е дека правилата важат и за јавните објекти кои секоја година нема да имаат греење од април до крајот на септември, при што собната температура до крајот на годината ќе биде ограничена на максимални 20 степени, со одредени исклучоци.

Се наведува дека Градот забранува и преносни клима уреди, греалки и радијатори.

Можете да прочитате

Откриена причината за падот на авионот на „Ер Индија“

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица