Утрински Весник
Свет

Германски градови воведуваат рестриктивни мерки

Расте бројот на заразени со коронавирус во Германија

Поради пораст на бројот на инфекции со коронавирус, властите во Франкфурт одлучија да реагираат и да воведат построги антипандемиски правила.

Тоа вклучува скратено работно време за баровите, клубовите и рестораните.

Во Франкфурт ќе биде воведен и полициски час од 22 часот, а во најпрометните улици и трговски центри ќе може да се влезе само со заштитна маска.

Приватните прослави ќе бидат ограничени на 25 луѓе на јавни места и 10 луѓе на приватни собири, а конзумирањето алкохол ќе биде забрането цел ден на јавни места и во паркови.

Како што се оценува, мерките негативно ќе се одразат на работата на рестораните, кината, театрите и концертните сали, но се неопходни.

„ Овие мерки ги воведуваме бидејќи ние должност да ги заштитиме најслабите во општеството, нашите најмлади и најстари сограѓани, болни и немоќни. Благодарение на ваквите ограничувања, децата можат да продолжат да одат во градинка и на училиште. Тоа е цената која мораме да ја платиме за да спречиме целосна забрана за движење“ велат од локалната самоуправа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велика Британија купува 12 авиони F-35A што можат да носат нуклеарно оружје

Руте продолжи да го фали Трамп за нападите во Иран и покрај проценката на американското разузнавање

Рубио: Иран е многу подалеку од нуклеарно оружје по нападот на САД