Германскиот филм „Голи меѓу волци“ (Nackt unter Wölfen / Naked Among Wolves) вечерва во 20 часот ќе се прикажува во Кинотека.
Филмот е во режија на Франк Бејер.
Станува збор за првиот германски филм, базиран на вистинска приказна, што ја разработува темата за животот и смртта во еден концентрационен логор. Сторијата снимена според романот на Бруно Апиц (Bruno Apitz) раскажува за организираниот отпор на политичките затвореници во концентрациониот логор Бухенвалд: кога еден затвореник шверцува дете во логорот, мажите се соочуваат со прашањето уште колку други лица ќе бидат загрозени по животот на детето. Во пролетта 1945 година меѓу затворениците од концентрациониот логор Бухенвалд се раширува веста дека американските трупи веќе ја преминале реката Рајна кај местото Ремаген. Кремер, командантот на логорот, ги задушува надежите на своите соработници дека сојузничките сили се далеку. Но, политичките затвореници во логорот, членови на комунистичката партија, создаваат тајна организација на отпорот…
„Голи меѓу волци“ во 1963 година ја освои специјалната награда на Филмскиот фестивал во Москва.
Текстот Германскиот филм „Голи меѓу волци” вечерва во Кинотека е превземен од МАКФАКС.