Утрински Весник
Свет

Германскиот министер за здравство бара невакцинираните да си ги плаќаат трошоците за лечење

Германскиот министер за здравство бара невакцинираните да си ги плаќаат трошоците за лечење

Оние кои не сакаат да се вакцинираат против коронавирусот, треба да ги сносат финансиските последици од таквата одлука, рече министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан.

Тој за радиото WDR изјави дека, на пример, тие треба да ги платат трошоците за тестовите потребни за посета на ресторан.

Во Германија, се планира да се воведе плаќање на тестови за коронавирус од 11 октомври, освен за луѓето кои не можат да се вакцинираат поради здравствени причини.

Ново заклучување на цела Германија би предизвикало четири пати поголема финансиска штета отколку воведувањето ограничувања за невакцинираните, се вели во анализата на Лајбниц институтот за економски истражувања (RWI), пренесува „Ханделсблат“.

Повторното заклучување ќе ја чини Германија, во зависност од обемот, помеѓу 6,5 и 52 милијарди евра, проценуваат експертите.

Така, доколку се случи заклучување, БДП за следната година би се намалил за 0,6 проценти, покажуваат пресметките.

Можете да прочитате

Експлозии во Абу Даби по иранскиот ракетен бран

Иран тврди дека го нападнал американскиот носач „Линколн“

Убиен поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад во израелски воздушни напади