Утрински Весник
Свет

Германската полиција растурила корона-забава во напуштен индустриски објект

Германската полиција растурила корона-забава во напуштен индустриски објект

Германската и француската полиција уапсиле и казниле учесници во недозволени забави за кршење на епидемиолошките мерки за борба против пандемијата во текот на викендот, дополнително поттикнати од убавото и потопло време.

Во Париз, околу сто луѓе учествувале во недозволена забава, а толку учесници биле затекнати и на друг настан во Орли, јужно од градот, соопшти денеска полицијата.

Според официјалното соопштение, француската полиција синоќа уапси десет лица и издала најмалку 59 предупредувања со парични казни.

Со корона-забавите бил прекршен полицискиот час во Франција, кој е на сила од 18 часот, а само на оние кои одат на работа им е дозволено да излегуваат надвор.

Во Германија, пак, полицијата синоќа растурила забава по анонимен повик, на која биле пронајдени 33 лица.

Полицијата соопшти дека некое време ги следела активностите во напуштена индустриска зграда, а во саботата навечер следела помали групи на луѓе при влегувањето.

За време на интервенцијата, полицијата запленила мали количини на дрога и пари платени од учесниците за да влезат на забавата.

На кратко бил приведен диџејот поради поседување дрога, а напуштената индустриска зграда сега е запечатена.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп ќе патролира со Националната гарда по улиците на Вашингтон: Сега сите се безбедни

Ким Џонг-ун одржа церемонија во чест на загинатите војници кои се бореа за Русија против Укрина

Гардијан: Податоците на ИДФ покажуваат дека пет од шест убиени Палестинци во Газа се цивили