Утрински Весник
Свет

Германската влада ги предупреди своите граѓани да не патуваат за Париз и Азурниот брег

Германската влада ги предупреди своите граѓани да не патуваат за Париз и Азурниот брег

Германија ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Париз и на францускиот Азурен брег поради ширењето на коронавирусот во тие области, соопшти германското Министерство за надворешни работи.

Министерството предупреди да не патуваат во регионот Ил де Франс, каде што се наоѓа Париз, како и на југ, во регионот Прованса-Алпи-Азурен брег, кој ги опфаќа Марсеј и Ница.

Германија во саботата имаше најголем број новозаразени со коронавирус во однос на оние заразени во април, а властите објавија дека дел од случаите на инфекција биле откриени кај германските туристи кои се враќале од странство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот