Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Германската вакцина може да се чува во фрижидер до три месеци

Велика Британија почна контроверзно испитување: За тестирање на вакцината, волонтерите ќе треба да се заразат со корона
300x250 opst2

Германската биотехнолошка компанија „КјурВак“ објави дека нејзината вакцина против коронавирус може безбедно да се чува во обичен фрижидер до три месеци, што веројатно би помогнало да се избегне голема логистичка пречка кога станува збор за дистрибуција, пренесува „Фокс њуз“.

Компанијата наведе дека нејзиниот кандидат за вакцина базиран на mRNA, CVnCoV, останува стабилен и во рамките на дефинираните спецификации најмалку три месеци кога се чува на 5 Целзиусови степени и до 24 часа како вакцина готова за употреба кога се чува на собна температура.

„Транспортот и чувањето на вакцините за кои се потребни ултра ниски температури за да бидат стабилни, беше предмет на интензивна дебата и загриженост во однос на изводливоста, дополнителните трошоци и расипувањето“, рече д-р Флоријан фон дер Мулбе од „КјурВак“ во соопштението за медиумите.

Тој додаде дека компанијата е многу охрабрена од извонредната стабилност на нивниот кандидат за вакцина против Ковид-19 кога се чува во стандарден фрижидер, како и со примена на собна температура.

„Оваа компатибилност, исто така, потенцијално овозможува децентрализирано складирање и може значително да ги олесни напорите за вакцинација во голем обем за време на тековната пандемија“, додаде Фон дер Мулбе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари