Утрински Весник
Македонија

Германската амбасада со донација од околу 2,5 милиони денари ќе ги поддржи центрите за лекување од Ковид -19

Германската амбасада со донација од околу 2,5 милиони денари ќе ги поддржи центрите за лекување од Ковид -19

 

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Германскаta Амбасада оваа година го распредели целокупниот буџет од
програмата Мали проекти за помош на Клиниката за инфективни бoлести, Клиниката Карил и Клиниката за неврохирургија, предвидени за лекување на пациенти заразени од Ковид-19.

Како што соопштија денеска од Амбасадата, амбасадорот Томас Герберих, министерот за здравство Венко Филипче и регионалниот менаџер на фондацијата Луѓе за луѓе-проект Хоуп, д-р Влатко Ужевски потпишаа договор за донација во висина од 2.450.000 денари за набавка на медицинска опрема.

Воедно, на медицинскиот персонал му посакуваат и понатаму многу сила, а на сите заболени брзо опоравување. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“