Утрински Весник
Економија

Германија ќе претрпи загуба од 250 милијарди евра поради Ковид-19

Германија ќе претрпи загуба од 250 милијарди евра поради Ковид-19

Пандемијата со коронавирус веројатно ќе ги чини Германците 50 милијарди евра, и тоа само во првиот квартал од 2021 година.

Вкупната штета според пресметките на Институтот за економија е многу поголема.
.
Досега, повеќе од 16.000 компании прогласија банкрот, а има и 5.000 т.н. „Зомби компании“, односно оние без шанса за преживување.

„Коронакризата беше и сè уште е огромен шок за германската економија“, вели Мајкл Хедер, директор на Институтот.

„Пакетите за помош на федералната влада и поволностите со скратено работно време спречија уште полоши последици, но не сите компании беа во можност да ја надминат оваа тешка фаза. „е надеваме дека стапката на вакцинација ќе се зголеми за да можат компаниите конечно да планираат повторно и да гледаат кон иднината со поголема самодоверба“, рече Хедер.

Затворени продавници, нарушени ланци во снабдување, милиони луѓе кои работат со скратено работно време, пандемијата ги потресе скоро сите области на економијата, а долготрајните заклучувања имаат посебно негативно влијание врз компаниите, анализираат експертите.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Владини функционери признаваат дека пензискиот фонд е загрозен, вели Филипче

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ