Утрински Весник
Свет

Германија ја стави Грција на црвената листа

Германија ја стави Грција на црвената листа

Германија ја идентификуваше цела Грција како ризична земја што се однесува на епидемијата на коронавирус, објави Институтот „Роберт Кох“ (РКИ), што значи дека сите туристи од Грција, како и германските државјани кои се враќаат од таа земја, ќе мора да имаат негативен тест за да избегнат карантин.

Холандија е, исто така, на црвената листа.

Грција во понеделникот воведе обврска за вакцинирање на здравствените работници и негувателите во старските домови, откако во екот на туристичката сезона се зголеми бројот на новозаболени лица.

Само вчера, Грција потврди 2.794 лица заразени со Ковид-19.

Можете да прочитате

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци