Утрински Весник
Свет

Германија ја призна одговорноста за геноцидот во Намибија, ќе плати повеќе од милијарда евра

Германија ја призна одговорноста за геноцидот во Намибија, ќе плати повеќе од милијарда евра
Dik 300x250 mk

Германија ја призна одговорноста за геноцидот извршен во Намибија за време на колонијалното владеење и вети дека ќе плати повеќе од милијарда евра поддршка за националните проекти во таа земја.

Германските колонизатори убија десетици илјади припадници на автохтоните племиња Хереро и Нама во масакрите во периодот 1904-1908 година.

Првиот геноцид на 20. век, како што историчарите го нарекуваат ова злосторство, сериозно ги нарушуваше односите меѓу Намибија и Германија со години.

Иако Берлин веќе призна дека германските колонијални власти се одговорни за злосторствата, Германија одби да плати директен надомест.

„Овие настани сега, од денешна перспектива, ќе ги наречеме со нивното вистинско име: геноцид. Во светло на германската историска и морална одговорност, ќе побараме прошка за злосторствата од Намибија и потомците на жртвите“, рече германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас.

„Во намера да се признае огромното страдање нанесено на жртвите, Германија ќе ја поддржи реконструкцијата и развојот на Намибија преку финансиска програма од 1,1 милијарди евра“, рече Маас.

Според извори запознати со преговарачкиот процес, тој износ ќе се плаќа во текот на 30 години, а првенствено мора да биде наменет за потомците на народите Хереро и Нама.

Можете да прочитате

Мајка ми не е маж, вели ќерката на Брижит Макрон

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи