Утрински Весник
Свет

Германија со нов план – се воведуваат нови ограничувања

Германија со нов план – се воведуваат нови ограничувања
Dik 300x250 mk

Во Германија се воведуваат ограничувања кога бројот на новозаразени со корнавирус е поголем од 50 на 100.000 жители за седум дена.

Но, бројот на вакцинирани расте, изборите се поблиску и владата ги менува критериумите.

„Инциденца“ е бројот на новозаразени во последните седум дена на сто илјади жители. Ако 50 или повеќе луѓе се заразат со коронавирус, ограничувањата стапуваат на сила. Собирите се контролираат, а на продавниците, рестораните и кината им се заканува затворање. Така вели законот.

Но, инциденцата повеќе нема да биде клучен критериум за воведување анти-ковид мерки. Оваа недела, на состанокот на министрите задолжени за борба против коронавирусот, на германскиот министер за здравство Јенс Шпан (ЦДУ) му беше наложено да претстави ново законско решение, и ако е можно пред парламентарните избори на 26 септември.

Шпан има намера да се префрли што е можно поскоро на систем што ќе се управува според бројот на пациенти заразени со коронавирус кои се лекуваат во болниците. Во изјава за првиот канал на германскиот јавен сервис АРД, министерот вели дека инциденцата е се уште важна, но и дека времето на тој критериум поминало, бидејќи голем број луѓе се вакцинирани во Германија. Но тој нагласи дека за вакцинираните нема да има рестрикции.

„Секако дека нема да има заклучување за вакцинираните и оние што прележале коронавирусот“ рече Шпан.

Можете да прочитате

САД очекуваат Унгарија да престане да користи руска нафта и гас

Трамп ја исклучи можноста за кандидатура за потпретседател во 2028 година

Изненадувачки успех на Милеи на изборите за аргентинскиот Конгрес