Утрински Весник
Свет

Германија смирува: Постоечките вакцини се ефикасни и против новиот вид на вирусот

Германија смирува: Постоечките вакцини се ефикасни и против новиот вид на вирусот

Eкспертите на ЕУ заклучија дека актуелните вакцини против коронавирусот се ефикасни против новиот вид откриен во Велика Британија, објави германската влада.

„Според сè што во моментов знаеме и по дискусијата со европски експерти, новиот вид не влијае врз дејството на вакцините и тие остануваат ефикасни“, рече германскиот министер за здравство, Јенс Шпан.

„Ова е многу добра вест“, додаде министерот чија земја во моментов претседава со Европската унија.

Тој зборуваше особено за ефективноста на вакцината на „Фајзер“ / „Бионтек“, која веќе се користи во неколку земји низ светот и за која наскоро се очекува одобрение и од Европската агенција за лекови.

Вечерва на таа тема итно бил свикан состанок со експерти од земјите на ЕУ.

По новата мутација на вирусот откриена во Велика Британија, голем број европски земји реагираа со прекинување на летовите од таа земја. И официјален Лондон најави строги ограничувања на движењето во некои делови од земјата.

Според англиските експерти, новиот вид на коронавирус е 70 проценти попренослив од претходниот.

Неколку случаи се пријавени и во Данска (девет) и по еден во Холандија и Австралија, според Светската здравствена организација (СЗО).

Германија, земја претседавач со ЕУ, за понеделник свикала кризен состанок на експерти од различни земји за да го координира одговорот на новата закана.

Тоа е состанок на Европскиот механизам за кризи (IPCR) на кој ЕУ се обраќа во случаи на големи здравствени, еколошки и терористички закани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници