Утрински Весник
Економија

Германија се подготвува за тешка криза, Шолц воведува мерки: „Не чекаат тешки години“

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги подготвува граѓаните на Германија за натамошни поскапувања. Сегашната криза нема да заврши за неколку месеци“, изјави социјалдемократскиот политичар (СПД) на почетокот на таканаречената „заедничка акција“ со највисоките претставници на работодавачите и синдикатите во кабинетот на канцеларката, пишува „Дојче веле“.

dobivaj vesti na viber

„ Војната во Украина и нарушените синџири на снабдување поради пандемијата на коронавирус создадоа општа неизвесност. Мора да се подготвиме за фактот дека оваа ситуација нема да се промени во догледна иднина. Германија се соочува со „историски предизвик“ порача Шолц.

Целта на овој прв од серијата состаноци е да се најдат инструменти за потиснување на растот на цените. Резултатите ќе бидат познати дури наесен.

„ Како држава добро ќе ја поминеме оваа криза само ако се здружиме, ако најдеме решенија заедно, рака под рака. Општеството е многу посилно отколку што понекогаш се претпоставува. Пораката што ми е важна е дека мора да се држиме заедно“, рече канцеларот.

Можете да прочитате

Филипче: Долгот ќе стигне до 12 милијарди евра, државата нема да може ниту камати да плаќа

СДСМ: Следува нов ценовен удар – Мицкоски одбива повисоки плати,  граѓаните тонат во сиромаштија

ЛДП: Владата се фали со економски успеси, а народот едвај преживува!